(ВИДЕО) Објавен трејлерот за документарниот филм за Арнолд Шварценегер

Документарниот филм за Арнолд Шварценегер наречен „Арнолд“ ќе биде достапен на платформата Нетфликс од 7 јуни. На платформата Јутјуб веќе е објавен и трејлер од кој се гледа како ќе изгледа филмот.

„Се работи за документарна серија од три дела која содржи досега невидени снимки и приказни за патувањето на Арнолд Шварценегер од руралната Австрија до највисоките видици на американскиот сон. Во серијата има делови од искрени интервјуа на Шварценегер, неговите пријатели, непријатели, колеги и фанови. Се зборува за деновите на „пумпањето“ на „железните мускули“ за неговите триумфи во Холивуд, па сè до времето кога стана прв човек на Калифорнија. Радостите и турбуленциите на неговиот семеен живот се раскажани во приказната што одговара на неговата личност“ – се наведува во описот на филмот.

Најчитани вести