Кејт Мидлтон го отвори финалето на “Евровизија”, емотивниот настап на пијано го посвети на Украина

Со спектакуларни настапи на големата сцена во Ливерпул вечерва беше отворено финалето на Евровизија.

Натпреварот го отвори принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, свирејќи на пијано песна посветена на Украина.

Кејт Мидлтон свиреше клавир во палатата Виндзор, а нејзината емотивна песна беше проследена со настап на минатогодишниот победник, Калуш оркестар, кој победи минатата година во Торино со песната „Стефанија“.

Принцезата од Велс со трогателен настап ја воодушеви публиката во преполната арена во Ливерпул и спектакуларно го отвори најголемиот музички натпревар во Европа чиј домаќин е Велика Британија, наместо минатогодишниот победник Украина, која не можеше да го организира натпреварот поради војната во оваа земја.

Најчитани вести