Најпознатиот психијатар и татко на психоанализата, Зигмунд Фројд, ни оставил многу мудрост и генијални изреки кои важат за сите времиња.
Меѓу нив има и една лекција што секој треба да ја знае – како да се препознаат глупавите луѓе.
Легендарниот психијатар многу брзо ја открил човечката глупост. Негоиот совет е напишан во една реченица: „Првиот знак на човечката глупост е целосното отсуство на срам“.
Така, кога ќе се најдете во ситуација да се почувствувате засрамени од туѓото однесување или некоја нивна констатација, или ќе ве изненадат со некои луди постапки – веднаш треба да знаете со кого си имате работа.
Тоа не ваш проблем, туку нивни. Не си ги менувајте стандардите поради тоа и не правете го тоа што го бараат од вас, не глумете нивни кловн. Верувајте дека само ја чекаат ситуацијата кога ќе ве искористат во одреден момент. Такви се луѓето. Ако доброволно им дадете еден прст – ќе ви земат целата рака.
На крајот, нема ниту да Ве ценат, па се што сте направиле и поминале дотогаш ќе биде залудно. Ако не ве ценат, не се докажувајте, бидете свои. Вашето достоинство нема цена и не трошете за да стекнете доверба, и онака нема да ја добиете.
Кога не сакаат да ви веруваат – нема да ви веруваат. Ќе го искористат тоа за некои нивни лоши намери. Доволно е да си верувате сами на себе и ќе видите како работите сами ќе си дојдат на свое место за некое време. Но, не очекувајте се да се промени преку ноќ. Вистинските луѓе ќе ја откријат вашата вредност порано или подоцна.
Кога ќе ги најдете тие луѓе, држете ги како капка вода на дланка, а останатите игнорирајте ги. Вашите очи нема веднаш да ја забележат вредноста на таквите луѓе, но штом ќе ги препознаете, не дозволувајте ништо да ве раздели од нив. Кога ќе станете најдобрата верзија од себе, тогаш ќе се појават луѓе чие присуство ќе стане вистинска авантура на заеднички живот. Тогаш вашиот заеднички живот ќе стане она што отсекогаш сте го посакувале.


