Kaко победи кога не им се допаѓа: Победничкиот настап на Лорин собра 180.000 „дислаjкови“

Победничката на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, Лорин, е на удар на лутата публика која мнозинството гласови му ги дала на претставникот од Финска.

Тоа го потврдуваат и големиот број дислајкови на каналот на „Јутјуб“ што се појавија под видеото од нејзиниот настап во финалето. Видеото на кое Лорин ја изведе песната „Тату“ е прегледано повеќе од 11 милиони пати, но бројот на недопаѓања е поразителен.

Речиси 180 илјади корисници на платформата го изразија своето незадоволство од победата на Лорин.

„Лорин е одличен уметник и ова е добра песна, но тоа не беше изведба достојна за победа“, стои во коментарот кој собра неверојатни 10.000 лајкови.

Најчитани вести