Том Круз е неуморен. Тоа е единственото нешто што може да се каже по објавувањето на новото продолжение на „Mission: Impossible – Dead Reckoninkg“ кое е поделено на два дела. Првиот дел „Невозможната мисија – Одмазада“ пристигнува со најава нови неверојатни акробации што ги изведува актерот.
Во ова продолжение, Итан Хант (Том Круз) и неговиот тим се впуштаат во нивната најопасна мисија досега: да го пронајдат новото, застрашувачко оружје -закана за целото човештво, пред тоа да падне во погрешни раце. Судбината на светот и иднината зависат од нивната мисија.
Соочен со мистериозен, семоќен непријател, Итан е принуден да сфати дека ништо не може да биде поважно од неговата мисија, дури ни животите на оние кои му се најблиски.
Првиот дел ќе започне со прикажување од 12 јуни годинава, вториот е најавен за 2024 година.


