Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ наскоро ќе станат родители. Таа е во петтиот месец од бременоста и треба да се породи во септември, а младиот пар, како што открија, ќе има наследничка.
Анастасија и Немања се во Севиља, нивна заедничка фотографија се појави на социјалните мрежи.
Фудбалерот ја однесел својата девојка на ручек каде што е направена фотографијата што Анастасија ја сподели на социјалните мрежи.

Анастасија е облечена во костум, додека фудбалерот носи маица и фармерки.
Инаку, Анастасија е многу активна на Инстаграм, па често споделува фотографии од Шпанија, од натпреварите на своето момче и некои моменти од нивниот приватен живот.


