Ел Фанинг блесна во фустан со рачно извезени кристали

Престижниот филмски фестивал во Кан, еден од најочекуваните настани во филмската индустрија, годинава се одржува по 76-ти пат. Познат по неговиот сјај, гламурот и славењето на исклучителните филмски остварувања, фестивалот повторно ги собира најдобрите филмски ѕвезди, талентираните филмаџии и професионалците од индустријата од целиот свет.

Многу ѕвезди на овој фестивал воодушевија на црвениот тепих, а ништо поразлично не е ниту годинава. Посебно внимание привлече актерката Ел Фaнинг облечена во фустан од „Александар Меквин“. Нејзиниот фустан е дело на Сара Бартон, креативниот директор на „Alexander McQueen“.

Додека актерката од првиот ред ја следела ревијата, многу ѝ се допаднал еден фустан од колекцијата. „Look 53“ – извонредната креација обложена со кристали со скулптурно елече украсено со ливчиња, ја воодушевила ѕвездата – и од тој момент таа знаела дека мора да го носи на црвениот тепих.

Специјално за неа, Бартон и Ателјето Меквин, на сето ова додале обемно здолниште од тул во бледо розова боја и наместо металните детали од оригиналниот дизајн, тоа било украсено со рачно извезени кристали.

„Сè уште сум изненадена поради секој кристал што беше навезен со рака и фактот што Сара го направи сето тоа за мене“, изјави актерката.

Најчитани вести