Познатиот српски пејач Саша Ковачевиќ планира да се оствари како татко

На крштевката на синот на манекенката Дејана Живковиќ, пејачот Саша Ковачевиќ за своите идни планови и врската со Зорана, со која е во долгогодишна љубовна врска.

-Кога ќе биде вистинскиот момент тоа ќе се случи, секако дека планирам да се остварам во улогата на татко зашто тоа е најубавиот дар од Господ кој може да се добие а тогаш јас ќе бидам најсреќниот човек, рече Ковачевиќ.

Тој се осврна и на тоа дека постојано го прашуваат кога ќе се ожени и дека му е сега токму моментот за тоа.

– Секако дека тоа е природно и нормално да те прашаат е сега ваше е колку на тоа ќе обрнете внимание и колку тоа ќе ве погоди, значи се зависи од вас самите. Морам да признаам дека ние мажите сме чудни, некако како да не сакаме да пораснеме, секогаш сакаме да бидеме млади момчиња, независно дали сме во брак или не, тоа е така и не може да се промени, посочи Саша и прозборе за долгогодишната љубов со Зорана.

– Да бидам искрен во нашата врска нема место за љубомора, најверојатно е изградена на таква основа и затоа нема такво нешто. Во претходните врски, имаше љубомора и тоа многу ми пречеше. За разлика сега со Зорана имаме одличен однос и имаме разбирање. Мислам дека не можам да најдам ништо подобро од она што го имаме во моментов, нагласи Саша Ковачевиќ.

Најчитани вести