Борис Џонсон ќе го добие осмото дете: Среќната вест ја објави неговата сопруга

Кери Џонсон, сопругата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон, преку својот Инстаграм профил откри дека тие двајца го очекуваат нивното трето дете.

Двојката до сега ја криела среќната вест од јавноста, но вчера Кери преку објава на социјалната мрежа откри дека третото бебе доаѓа следниот месец.

На првата фотографија Кери позира со синот Вилф (3) и ќерката Роми (Роми, 1), додека на втората го покажува нејзиниот труднички стомак.

„Прилично сум уморна во последните осум месеци, но едвај чекаме да го запознаеме бебето. Вилф е возбуден бидејќи повторно уште еднаш ќе биде постар брат и постојано зборува за тоа. Мислам дека Роми не знае што ја чека. Наскоро ќе дозне“, напиша 35-годишната Кери во објавата.

Ова е трето дете за Кери и осмо за поранешниот британски премиер.

Најчитани вести