Кој град е најпрофитабилна дестинација во светот

Лисабон е градот кој нуди најдобра вредност за парите за оваа година, објави Британската пошта која 16 години прави листа на европски градови за најпрофитабилна дестинација во светот.

Интересно е што Лисабон, минатата година беше прогласен за најсреќна дестинација на светот а годинава е одличен избор да поминете одличен мини-одмор или продолжен викенд во градот а без да потрошете многу пари.

Лисабон е познат по светски познатиот ноќен живот, преубавите плажи и вкусната храна па затоа се најде на водечката позиција како најевтин во Европа и предизвик за туристите.

Во споредба со цените во најскапите европски градови овде тие се пониски за една третина.

Во хотел со три ѕвезди две ноќевања во просек изнесуваат околу 140 евра, што е само за 5 отсто повисоко од 2022 година, во споредба со зголемувањето на цените од над 20 отсто во секој друг анкетиран град.

Лисабон е одлично место за посета од повеќе причини. Се смета за еден од најстарите градови во светот, а според легендата го основал Одисеј по враќањето од Тројанската војна.

За најскап град во Европа е избран Амстердам каде за викенд треба да платите 835 евра, а овде спаѓаат и Лондон, Париз, Венеција, Женева и Белфаст. Дубровник е на прво место на градови со најскапи билети за културно-историски знаменитости.

Најчитани вести