Познатата српска пејачка Ана Николиќ синоќа го привлече вниманието на јавноста и медиумите откако на ревија се појави во несекојдневна облека. На себе Ана носела фустан над кој имало долга наметка а на главата цвеќе рози во портокалова нијанса како и мрежата на лицето.
На настанот како и обично Ана се појавила со задоцнување што воопшто не изненадува. Сепак, она што најмногу предизвикало внимание била нејзината изјава дека ќе се откаже од пеењето.
– Јас сум слугинка и дадилка на Тара, како и пејачка. Ете од нешто ќе кренам раце, нема повеќе да бидам пејачка – рече Николиќ, која неретко ја изненадува јавноста со своите изјави.
Инаку, Ана Николиќ закажа голем концерт оваа година во Старк Арена во Белград.


