Почина Германецот кој 50 години живееше на сметка на државата: Кој работи е глупав…

Германецот Арно Дибел, познат и како најмрзливиот човек на светот, починал во Универзитетската болница во Хамбург-Епендорф на 67-годишна возраст.

Овој доживотен корисник на паричен надоместок за невработеност се прослави со изјавите како „Кој работи е глупав“. Со ваквите негови изјави тој го навлече гневот на другите граѓани со гостувања во многу популарни ток-шоуа каде вели дека ја одбива секоја понудена работа и претпочита да живее на сметка на државата, пишува Билд.

Дибел многу често со гордост се фалел дека не работел со децении.

Неговата мрзеливост се обидувал да ја „продаде“ со гостувања во разни емисии, а снимил и неколку песни.

Меѓу другото, тој објавил песна со наслов „Убаво ми е“, која стигнала до топ 100 најпродавани синглови во Германија.

Инаку, Дибел по завршувањето на основното училиште на 16-годишна возраст се обидел да се вработи, но таа авантура кратко траеела.

„Работев како хонорарен сликар две години, но ја напуштив работата. Едноставно немав повеќе мотивација“, изјавил тој.

Од 1974 година живеел со државна помош, а со годините на неговата сметка се слеале илјадници евра. Тој боледувал од белодробна болест, која со текот на времето станала хронична, па се претпоставува дека таа би можела да биде причина за неговата смрт.

Најчитани вести