Најголемите светски музички ѕвезди секогаш сакаат се да им е под контрола за време на концертите, но дека понекогаш работите знаат да тргнуват наопаку, покажува случката од концертот на Лана Дел Реј.
Добитничката на Греми неодамна настапи на музички фестивал во Сао Паоло, а во еден момент ги замоли музичарите да го прекинат концертот.
Музиката престана, а потоа Лана на микрофонот постави прашање и ја замоли публиката, особено онаа која уживаше на концертот од првите редови да ја побараат нејзината електронска цигара.
-Дали некој ја видел мојата електронска цигара – рече пејачката, а потоа следеше громогласен аплауз.
Во тој момент сите гости пред бината тргнаа во акција, но немаа среќа.
Откако немаше резултат Лана му сигнализираше на бендот да продолжи да свири.
На Твитер се појави и видео од оваа акција, а сите ја пофалија Лана бидејќи со нејзиниот потег докажа дека е иста како и остатокот од светот, а не вообразена ѕвезда.
Lana Del Rey pauses to ask Brazil audience if they have seen her vape after she lost it on stage.
— Pop Base (@PopBase) May 28, 2023
pic.twitter.com/eFYygUHyHK


