Експерти за сон од Универзитетот во Јужна Австралија откриваат како полесно да се разбудите и полесно да излезете од кревет, а основен предуслов за тоа е добар сон.
Спијте во темнина
Немојте да го оставате светлото навечер запалено кога сакате да заспиете. Силното светло го отежнува сонот, бидејќи го потиснува мелатонинот – хормон кој е многу важен за добар сон.
Дневна светлина
За да одржите правилен и редовен ритам во однос на сонот и будењето, кога ќе се разбудите отворете ги прозорците и дозволете дневна светлина да влезе во просторијата во која сте спиеле.
Нема јадење
Обилен оброк пред спиење воопшто не е добар за сон, бидејќи кога ќе си легнете со полн стомак доаѓа до притисок врз мускулите на хранопроводникот, што го спречува протокот на стомачните киселини и содржината на стомакот.
Без пијалак
Алкохолот може да доведе до поспаност, но неговата консумација пред спиење може да биде причина за лош сон пропратен со потење и главоболка.
Стрес
Ако сте имале стресен ден, ослободете се од стресот пред да си легнете, најдобро е да земете добра книга и шолја топол чај или млеко.
Избегнувајте возбудувања
Вежбање, играње на компјутерски игри и гледање телевизија до самото одење на спиење го зголемува степенот на психолошка возбуда и го буди човекот.
Одредете рутина
Дневниот биолошки ритам најдобро функционира кога има своја рутина, затоа обидите се да воспоставите рамнотежа меѓу времето кога легнувате во кревет и вашето будење.


