Актерот Бред Пит тврди дека неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли тајно го продала нејзиниот дел од нивната винарија во Франција за да му се одмазди среде битката за старателство над децата.
Според документите до кои дошле странските медиуми, Пит изјавил дека двајцата се договориле никогаш да не го продаат нивниот дел во винаријата Шато Миравал, која ја купиле во 2008 година во Франција, без претходен договор.
Во 2019 година кога парот се разведе, започнале преговорите за поделбата на овој имот. Актерот се согласил да ја сподели сопственоста, каде што добил 68 отсто од земјиштето, бидејќи вложил повеќе време и пари во проектот.
Но, во 2021 година, Бред преку соопштение за медиумите дознал дека Анџелина го продала нејзиниот дел на руски бизнисмен, кого тој претходно го одбил. Пит е убеден дека поранешната сопруга сакалала да му се одмазди на овој начин, бидејќи не ѝ се допаднала одлуката за заедничко старателство над нивните деца.


