Ролната тоалетна хартија од новоотворената амбалажа се става во преградата за јајца или на горната полица на фрижидерот за да ги апсорбира лошите мириси. На овој начин мирисите што ги предизвикуваат остатоците од храна, сирење или кромид веднаш штом ќе ја отворите вратата од фрижидерот, нема повќе да ги почувствувате веднаш штом ја отворите вратата, варем така ветуваат интернет ’експертите’.
Се вели дека трикот функционира така што хартијата ја апсорбира влагата од воздухот во фрижидерот. Ако содржината на влага во фрижидерот е превисока, тоа предизвикува формирање на мувла и гнили. Ролната тоалетна хартија треба да се земе директно од пакувањето, а не од вашата бања од хигиенски причини.
По една до две недели таа треба да се замени и да се фрли.
Дали трикот навистина функционира?
Новинарите од „t-online“ го направиле овој експермент и провериле дали навистина функционира.
Вистината е дека по седум дена тоалетна хартија го впила мирисот на внатрешноста на фрижидерот и била влажна, но што се однесува до неутрализирањето на смрдеата, обидот бил неуспешен, пишува „Т-онлајн“.
Што навистина помага против непријатните мириси во фрижидерот?
Наместо тоалетна хартија, пробајте со зрна кафе или талог или парчиња лимон, или пак пресно млеко во чаша, кои се поефикасни против непријатниот мирис од фрижидерот.
На чинија ставете кафе или парче лимон и ставете го во фрижидер. По една или две недели, треба да се заменат.


