Во страшното невреме што пред два дена го зафати Загреб, една жена останала надвор држејќи се за патен знак додека околу неа летале гранки од дрвја носени од силен ветер, пишува „Н1“.
Таа во четвртокот на Фејсбук сподели видео на кое се гледа лошата ситуација низ кој поминала, на неколку метри од нејзиниот дом, а се со цел јавно да им се заблагодари на случајните минувачи кои ја спасиле од невремето, и веројатно ѝ го спасиле и животот, бидејќи ако останела надвор уште некое време, како што напиша и самата, немало да изржи.
Нејзината објава ја пренесоа регионалните медиуми.


