Без разлика дали сакате деца или не, не можете да негирате дека целиот процес поврзан со бременоста е прилично неверојатен. Но, да се гледа развојот на бебето тоа за многумина е страшно.
Новинарот на Би-Би-Си, Мајкл Мозли, го објасни процесот во документарниот филм „Inside the Human Body: Creation“, опишувајќи како сето тоа започнува со филтрумот (орален жлеб), жлебот помеѓу дното на носот и горната усна.
-Со векови, биолозите се прашуваа зошто секое лице го има. Она што сега го знаеме е дека тоа е местото каде што се составува загатката на човечкото лице – објасни тој.
Видеото потоа прикажува симулација на лицето на бебето додека се развива. Прво се обликува носот, двете дупки кои започнуваат на врвот на главата на крајот се спуштаат. За момент се чини дека сите карактеристики се собрани во една мала област во средината на главата.
Фасцинантно и малку страшно е да се види како сликата од непрепознатлива маса се претвора во целосно оформено човечко лице.
Мозли дополнително објасни:
-Целиот овој неверојатен процес, парчињата кои се спојуваат како слагалица за да создадат препознатливо човечко лице, се случуваат помеѓу вториот и третиот месеци. Ако не се случи тогаш, нема да се случи никогаш – додаде тој.
Неверојатното видео ги остави гледачите во шок, а некои од нив навистина се вознемирија.
„Ова е ужасно“, „Ова лице ќе ме прогонува и во соништата“, „Сум видел многу ужасни работи и можев да живеам со нив. Посакувам да не го видев ова“, се само некои од коментарите.
Но, повеќето гледачи беа воодушевени од она што го видоа.
„Ова е неверојатно. Фасцинантно’,, „Многу интересно. Супер е да се види развојот на бебето преку видео наместо само слики“, коментираат корисниците на Интернет.


