Ковачевски: Европските политики на владата беа гарант за странски инвестиции, кои во 2023 година беа 754 милиони евра

„Членството во НАТО, почнувањето на преговорите и нашите европски политики беа гарант за да обезбедиме странски директни инвестиции и тоа најголеми. Ако во 2016 година, странските директни инвестиции биле 338 милиони евра, сега се двојно повеќе, 754 милиони евра“ истакна премиерот Димитар Ковачевски на конференцијата „Година на европски можности“.

Тој додаде дека сите инвеститори препознаа дека ова е добро место за вложување, дека има трудољубиви, лојални и вредности работници.

„Бројот на вработени во ТИРЗ достигна 18 илјади, а просечната бруто плата надмина 60 илјади денари, што е двојно повеќе од 2016 година“ рече Ковачевски.

Премиерот исто така додаде дека стапката на невработеност е под 13 отсто и е преполовена во однос на 2016 година, а на прагот сме да се обезбеди  и едноцифрена стапка на невработеност.

„За само една година имаме зголемена вработеност од 10 илјади нови работници“ рече Ковачевски.

Најнови вести

Најново од Економија