Коста Кецмановиќ открил што го полудува : Поради неговите зборови сите останале без коментар !

Коста Кецмановиќ, кој пред неполни девет месеци, на 3 мај минатата година, уби девет ученици и училишен чувар, во неколку наврати покажа дека нема чувства и милост, а она што го кажа овој пат ги шокирало сите присутни! Имено, тој во една прилика за време на разговор со надлежните кои се грижат за него, објаснил што му се допаѓа и што го излудува!

– Коста во неколку наврати повторил дека не му е грижа и не му е гајле за злосторството што го направил. Тој изјавил и дека ги обожава животните, но дека луѓето го излудуваат. Таму ги навел не само децата и неговите родители, туку и многу други со кои бил во контакт до својата 14-та година – дознаваме од извор запознаен со случајот, пишува republika.rs.

Како што потврди соговорникот, Коста бил заинтересиран само да биде ослободен.

– Се работи за момче кое едноставно нема милост и чувства кон другите. Единственото нешто за кое се грижи е самиот себе и неговата слобода, по која моментално копнее.

Да потсетиме, почетокот на судењето на родителите на Коста Кецмановиќ (14), Вишиот суд во Белград го закажа за понеделник, 29 јануари, од 11 часот. На овој ден, на неколку минути пред почетокот на рочиштето, се очекува да пристигнат неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ, на кои ќе им се суди, додека Коста ќе биде сведок во оваа постапка.

Според распоредот на судењето, ќе продолжи следниот ден, вторник, а судењето за масакрот ќе започне со читање на обвинителниот акт и исказот на обвинетите.