Семејствата на жртвите го следат судењето на родителите на Коста К., кој на 3 мај уби девет негови врсници и еден обезбедувач во ОУ „Владислав Рибникар“. Пред почетокот на судењето, насобраните родители се прегрнале и си испратиле пораки со поддршка.
Нина Кобиљски, мајка на убиената Ема, влезе во судницата со слика од нејзината ќерка. Таа во некои моменти ја галеше фотографијата и цврсто ја држеше во раце.
Во меѓувреме, судскиот совет одлучи судењето на родителите на Коста да биде затворено за јавноста до завршување на процесот, пишува српски Информер.


