Тројца млади загинаа во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Бар – Улцињ, соопшти црногорската полиција, пренесува српски Блиц.
– Во оваа сообраќајна несреќа загинаа Д.М.(21) од Улцињ, Б.Б.(20) од Бар и Н.Д.(18) од Рожај – информираат од полицијата. Во Општата болница Бар се лекуваат Љ.П.(18) и А.В.(18) од Бар, кои се здобиле со повреди опасни по живот.

– До несреќата дошло како последица на судир на автомобил „ауди А3“ со улцински регистарски ознаки управувано од М.Д. и возило „Сеат“ со барски регистерски таблици управувано од Б.Б.(20). На лице место починале возачот на „аудито“ и Н.Н., кој бил сопатник во „Сеатот“. Девојката Б.Б., која го управувала Сеатот, им подлегнала на повредите во болницата во Бар – информираат од полицијата за Радио Бар и Бар Инфо.
Според полицијата, судирот се случил 40 минути по полноќ, на главниот пат Бар – Улцињ, во населбата Утјеха.


