Во Вишиот суд во Белград денеска продолжи судењето во граѓанската постапка против семејството Кецмановиќ, односно Миљана, Владимир и Коста Кецмановиќ, кој на 3 мај уби девет деца и училишниот чувар во ОУ „Владислав Рибникар“, пишува Република.рс.
Иако сите очекуваа дека утре својата одбрана ќе ја изнесат токму осомничените родители, тоа нема да се случи бидејќи судијата ја сменил одлуката бидејќи класниот раководител и директорката кои исто така биле повикани за утре пратиле оправдување дека не можат да дојдат.
По ова сознание, имало негативни коментари од родителите на трагично повредените деца, кои во неколку наврати изјавиле дека двете намерно го избегнуваат судењето.
Утре ќе бидат сослушани Миланка Негиќ, мајката на убиената Софија и браќата и сестрите на убиените деца, меѓу кои и малолетниот брат на Ана Божовиќ. Отворено за јавноста ќе биде само сведочењето на Миланка.
За потсетување, тужбата ја поднесоа вкупно 27 тужители, односно членови на семејствата на жртвите од масакрот, а обвинети се малолетниот Коста Кецмановиќ и неговите мајка и татко. Судот ќе одлучи по тужбата и дури по завршување на граѓанската постапка ќе донесе одлука дали целосно или делумно ќе го прифати тужбеното барање на семејствата, или евентуално ќе го одбие.


