Петровска: СДСМ во себе го носи предзнакот мултиетничка партија, промовираме едно општество за сите

„СДСМ го носи во себе многу одамна затоа што сме единствената политичка партија која во нашата држава промовираше едно општество за сите“ изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.

Таа додаде дека нема разидување со ДУИ по прашањето на ЕУ, иако не се настапува заедно на изборите.

Во врска со дел од париите, кои од коалицијата на СДСМ, заминаа во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, Петровска рече дека не ги коментира таквите одлуки, но СДСМ изминатите седум години, во кои тие беа дел од коалицијата, работеше на сериозните предизвици за враќање во нормала на државата, што беше разрушена од режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали  постои простор за подобрување, дали некој од процесите можеле, сега зборам овие реформски зафати и политики, креирање, дали можеле да бидат подобри, апсолутно да, дали ќе бидат подобри, апсолутно да, впрочем затоа и излегуваме на овие избори не само со листи, не само со програма, туку со цела една идеја и концепт како тие да ги подобриме во последниот мандат“ рече Петровска.

Најчитани вести