Најнови информации: Малата Данка видена е во Виена, овие две работи во моментов ги истражува полицијата!

Според последните информации добиени од МУП на Србија, двегодишното девојче Данка била видена во Виена во придружба на две Романки, а како што дознаваме ќе следат две работи на кои сега работи полицијата, објави пинк.рс.

Полицијата сега интензивно работи на идентификување и лоцирање на девојчето за која се тврди дека е Данка Илиќ. Полицијата синоќа стапила во контакт со австриските колеги и му ги испратила на Европол сите податоци и видеото. Претседателот на Србија денеска во Батајница ја коментираше работата на полицијата за исчезнувањето на Данка Илиќ, двегодишното девојче, по која потрагата трае веќе 6 дена.

„Сакам да и се заблагодарам на полицијата која работи дење и ноќе. Кога се појави нова трага во три и пол, како синоќа, ме известија и мене. До четири и пол сите беа на своето место. Секоја чест за нивната посветеност, колку луѓе се борат за еден прекрасен живот.Се надевам дека ќе успеат да го расветлат и тој случај“, изјави Вучиќ.

Најчитани вести