Раде Драгијевиќ, осомничен дека помагал во прикривање на убиството на Данка Илиќ, во притвор дознал дека неговиот син Далибор Драгијевиќ, кој бил осомничен за истото дело, починал во затвор!
Според неофицијалните информации на Информер, на Раде Драгијевиќ во притвор му било кажано дека неговиот син ненадејно починал, а тој тоа многу тешко го поднел.
– Се фати за глава и почна да плаче – вели добро упатен извор на Информер.
Според него, колку му е тешко поради смртта на синот сведочи и однесувањето на Раде Драгијевиќ по денешното рочиште во надлежното обвинителство во Белград.
– При излегување од обвинителството погледна надолу во земја и едвај се движеше. Цело време беше скршен, дури и кога чуварите му рекоа да го забрза чекорот и да влезе во полициска станица – потенцира соговорникот на Информер.
Да потсетиме, Далибор Драгијевиќ (40) од Бор, кој во саботата доби притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека му помогнал на својот брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ по извршување на кривичното дело, починал синоќа во Полициското одделение во Бор.


