Се огласи таткото на осомничениот за убиството на Данка. Се расплака кога го прашаа за девојчето, а еве што кажа за својот син

Маж (50) е во притвор под сомнение дека ја убил Данка Илиќ (2). Според кривичната пријава, делото го сторил заедно со уште еден осомничен (50). Тие се наоѓаат во притвор следните месец дена, пишува Србија данас.

Новинарите денеска го посетија таткото на еден од осомничените. Додека зборувал за злосторството, тој заплакал.

– Не знам што да ви кажам. Немам повеќе изјави, искрено не знам во што да верувам, што точно е вистина. Се будам ноќе, плачам, тешко ми е. Син ми го видов само во Бор, и не знам кога пак ќе го видам – ​​вели тој.

На прашањето дали осомничениот некогаш делувал насилно, таткото рекол:

– Не, никогаш не даваше никакви знаци, цело време делуваше нормално – вели тој.

Како што пишувавме претходно, осомничениот го признал делото во полиција, но се бранел со молчење во обвинителството.