Срѓан Јанковиќ (50), кој е осомничен дека управувал со службениот автомобил на ЈКП „Водовод“ во кој на 26 март во Бањско поле беше удрена Данка Илиќ (2), досега се бранел со молчење, но како што неофицијално Република дознава, наскоро би можел да проговори за злосторството што ја потресе Србија.
Имено, како што ни откри извор близок до истрагата, Јанковиќ од денот кога е уапсен, а потоа и приведен, не е „тој истиот“, пишува српска Република.
– Едвај нешто јаде, целиот е истрошен, како да е скршен – рекол извор близок до истрагата.
Како што дознаваме, Јанковиќ речиси секоја вечер има кошмари, каде во бунило го извикува името на Данка.
– Ми кажаа дека плачел една вечер. Изгледа дека се го стигнало и сега не знае што да прави. Можно е затоа да се зборува дека сака да разговара, конечно да признае се – изјави изворот на Република.
Данка исчезна во вторникот, на 26 март, околу 13 часот, кога мајката, како што рекла, се свртела и на момент се одвоила од ќерката за да му даде вода на братот. Во тој момент девојчето мистериозно исчезнало и оттогаш речиси сите се на нозе.


