27-годишен Србин бил пронајден мртов и искасапен во стан во центарот на Виена, пишуваат медиумите во Австрија.
Во оваа прилика се огласи и портпаролката на локалната полиција Барбара Гас, која изјави дека е очигледно дека се работи за мафијашко убиство, пренесува К1.
– Станува збор за дваесет и седумгодишен маж со српско потекло, со оглед на околностите во кои е пронајден трупот, најверојатно се работи за организиран криминал – истакна таа, пишуваат локалните портали.
За потсетување, трупот на мажот бил во фаза на распаѓање, а се претпоставува дека со месеци бил во станот.
Инаку, во станот во кој бил искасапен Србинот, пронајдена е комплетна опрема за касапење и чистење, како и документите на тројца Срби. Уште тогаш виенските истражители се сомневале дека зад ова свирепо злосторство стои балканската мафија.
Полицијата во разговорот со соседите не успеала да добие повеќе информации со оглед дека во зградата никој не ја видел жртвата, а според истражителите лешот бил пронајден во напредна фаза на распаѓање, па се претпоставува дека бил таму дури и неколку месеци пред да е откриен.
– Можно е трупот да бил во станот со недели, можеби и со месеци. Во секој случај, никогаш не го видов убиениот, но забележав дека на неговата врата постојано висеше порака – изјавил соседот С.Р. за виенските медиуми, инаку Србин кој живее во зградата во која се случило злосторството, пренесува.cafe.ba.


