„Кој ќе ми плати пиво ако му ја кажам вистината за Данка? Соседите на осомничениот за убиството на Данка Илиќ тврдат дека неговиот татко се однесува страшно

Душан Јанковиќ, таткото на Срѓан Јанковиќ, осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ, го искористи правото да не сведочи во ВЈТ во Зајечар пред обвинителот за убиството на Данка Илиќ, во кое неговиот син Срѓан е второосомничен, пишува српски Блиц.

Тој, како и мајката на Дејан Драгијевиќ, Светлана, вчера одби да даде исказ во обвинителството.

Инаку, од селото Лука кај Бор, каде во ВЈТ бил Срѓан Јанковиќ, сведочеле и познаници и соседи, како и колеги на Јанковиќ и Драгијевиќ. Во селото мештаните сè уште не се изјаснуваат што навистина мислат за овој мистериозен случај, убиство на невино дете.

Некои се осмелуваат да кажат за Срѓан дека ако навистина направил вакво нешто, треба да биде затворен до крајот на животот, а други мислат дека, додека не се најде детето, никој не може да се обвинува.

– Таткото на Срѓан, Душан, и понатаму мисли дека тоа било местенка и дека неговиот син не е виновен – вели една мештанка и додава:

-Се однесува нормално, секој ден доаѓа во градината, собира трева за стоката, но и седи пред селската меана и пие пиво. Како да не се работи за мало дете за кое родителите ништо не знаат. Како е повредено и каде е неговото тело – објаснува сосетката. Според неа, Душан понекогаш знае и да се пошегува.

Најчитани вести