Дознаваме! Починала мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Како што дознава Информер, мајката на осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ од Злот починала во куќата на соседот.

Светлана Драгијевиќ е мајка на осомничениот за убиството на малата Данка, како што дознава српски Информер на местото на настанот во селото Злот излегла екипа на Итна помош која ја констатирала смртта.

Според неофицијални податоци, таа седела кај соседите и пиела кафе кога и се слошило. Брзата помош се обидела со реанимација, но за Светлана немало спас.

Да потсетиме, Светалана неколку пати разговарала со полицијата за малата Данка, но таа инсистирала дека не знае ништо. Во последното интервју за Информер таа го кажа следново:

– Нема кој да ми донесе чаша вода, сама ќе умрам – рекла Светлана.

Најчитани вести