Едно лице загина, а повеќе од 30 патници се повредени во сообраќајка меѓу автомобил и патнички автобус, која рано утрово се случила на патот кој води од Младеновац кон Мали Пожаревац, во околината на Белград, јавува РТС.
Според информациите на српските медиуми, при ударот загинал возачот на автомобилот, а повеќе од 30 лица се пренесени во најблиските болници. Првичните информации велат дека поголем број од повредените имаат полесни телесни повреди.

Како што се гледа на фотографиите поставени на социјалните мрежи, предниот дел на автомобилот е целосно уништен, а според коментарите на очевидците на местото на несреќата и предниот дел на автобусот бил набиен од ударот.

На местото на настанот пристигнале три екипи на Брза помош од Младеновац.
Извор: 360


