Познатиот пејач Петар Грашо (48) чека второ дете со 14 години помладата Хана Хуљиќ, а сега го откри и полот на детето.
Имено, тој откри дека летово ќе добие син, додека во 2022 година станаа родители на девојче на кое и го дадоа името Алба, пишува Пулс.
Грашо раскажа и за моменталната состојба на Хана: “Како е Хана? Како и секоја трудница. Еден ден јаде кроасани, другиот ден не сака кроасани. Потоа еден ден мојот парфем мириса одлично за неа, следниот ден е ужасен. Претпоставувам дека така треба да биде, тоа е во ред“, рекол тој.

Грашо за Ин Магазин откри детали од односот со ќерката.
„Толку многу уживам во секој момент со неа, знам дека брзо ќе порасне и можеби сега едвај чекам на тоа, но кога ќе порасне ќе ми биде жал. Убава е, весела е. таа донесе нешто посебно во нашиот живот“, изјави пејачот.


