Анџелина Џоли го освои својот прв Тони, ја поддржа ќерката која се откажа од презимето на нејзиниот татко

Анџелина Џоли ја доби својата прва награда Тони, а на доделувањето се појави со ќерката Вивиен (15), која неодамна и официјално се откажа од презимето на нејзиниот татко Бред Пит.

Џоли ја доби наградата за нејзината работа на мјузиклот The Outsiders, кој го продуцираше, додека Вивиен била асистент на продуцентката. Имено, The Outsiders е прогласен за најдобар мјузикл. Очите на Вивиен се насолзија кога режисерката на мјузиклот Danya Taymor го освои Тони за најдобар режисер и во својот говор и се заблагодари на Анџелина Џоли и рече дека таа е „една од големите жени кои и помогнале и ја подигнале“, пренесува CNN.

“Ова е мјузикл за семејството и заедницата. Исто така, се занимава со темната страна на животот и сите работи за кои треба да разговараме”, изјави Џоли неодамна за мјузиклот, кој привлече големо внимание, и поради самата приказна. и поради нејзиното учество во неа, во периодот кога минува низ турбулентен семеен период.

Имено, нејзините деца неофицијално се откажале од презимето на нивниот татко Бред Пит, додека едно од нив – 18-годишната Shiloh – одлучила тоа да го направи официјално, на суд. Освен Шајло, Захара и Вивиен повеќе не го носат презимето на нивниот татко (за што дознавме преку овој мјузикл), додека браќата Медокс и Пакс со години немаат никаква врска со својот татко.

Пит со години немал никаков контакт со синовите Медокс и Пакс. Наводно, Џоли поднела барање за развод токму поради конфликтот на актерот со Медокс во приватниот авион, кој тогаш сакал да ја одбрани својата мајка. Поранешните сопружници се уште не успеале да се договорат за старателството на нивните шест деца. И покрај тоа што тројцата најстари, Медокс, Пакс и Захара веќе не се малолетни, тие се расправаат кој ќе ги одгледа Вивиен и Нокс (15).

Но, изгледа децата јасно даваат на знаење на чија страна се, пишува Индекс.хр.