Репрезентацијата на Србија е елиминирана од понатамошното натпреварување на Европското првенство по натпреварот со Данска на кој резултатот беше 0-0.
Фолкерот Драган Којиќ Кеба сега без двоумење проговори за дебаклот на репрезентацијата, но и за својот пријател, селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси.

– Синоќа, според мене, одбраната требаше да игра напад, а нападот да биде во одбрана. Веројатно ќе примевме гол, но не само синоќа, туку веќе некое време забележувам дека недостигаше поврзаност меѓу играчите – изјави Кеба, а потоа додаде:
– Драган Стојковиќ Пикси ми е пријател. Жал ми е што кажувам некои зборови, но мислам дека не воспостави контрола на најдобар начин. Јас сум шеф на парадата, а вие? Мислам дека тука недостига соработка за да се знае кој е кој – рече тој.

Кеба истакна дека, според него, еден од клучните проблеми е присуството на его кај играчите и стручниот штаб.
– Ако некои работи не ги раскрстиме со себе самите, а тоа се вика его, тогаш не се трудиш, не можеш да помогнеш во тој момент. Тоа его го препознав кај сите, во целиот стручен штаб и играчите – изјави Кеба за „Курир“.


