Хаос од невремето во Пирот, вода се излеала по улиците, силниот ветер соборил дрвја

Како што предупреди утринава РХМЗ, силни грмежи и многу обилни врнежи имало на поширокото подрачје на Пирот, а се очекуваат на подрачјето на Зајечар, Јагодина, Кикинда, Ваљево, Ужице, Краљево и Златибор. Локално се очекува појава на град.

Силно невреме проследено со пороен дожд и ветер попладнето го зафати Пирот. Поради обилните врнежи за краток временски период, водата се излеа на улиците.

Според жителите на овој град, небото сестемнило, а бурата беснеела со сета сила, пишува Ало.рс.

Ветерот дувал толку силно што соборил дрвја на некои улици.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести