Репрезентацијата на Бразил не успеа да ја совлада Колумбија ноќеска во Санта Клара во последното коло од Д-групата на фудбалскиот куп на Америка 2024 година. По нерешените 1:1, Бразилците завршија на 2. место на табелата и „налетаа“ на Уругвај во четвртфиналето.
Двојки за четвртфиналната фаза на Копа Америка.
Аргентина – Еквадор (5 јули)
Венецуела – Канада (6 јули)
Колумбија – Панама (7 јули)
Уругвај – Бразил (7 јули).
МИА


