Четири противпожарни авиони, два од типот PZL и два Канадери испратила Грција во Албанија за помош во справувањето со шумските пожари на југот на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција соопштија дека два од авионите биле испратени вчера, останатите два денеска, а помошта е преку Европскиот механизам за цивилна заштита, активиран на барање на албанската Влада.
– Се посочува дека грчката Влада и конкретно Министерството за климатски кризи и цивилна заштита веднаш одговорија на барањето на Албанија за поддршка преку Европскиот механизам и покрај тоа што оперативните потреби на Грција поради временските услови се многу големи, соопштија од надлежното Министерство.
МИА


