Навистина делува: Состојка во домаќинството која ефикасно ги брка комарците

Познато е дека комарците ги привлекуваат одредени мириси на човечката кожа и затоа малите штетници често ја пијат нашата крв. За среќа, постои природен, евтин и едноставен начин кој навистина функционира.

Станува збор за – црно кафе. Иако мирисот на запалено црно кафе не е најпријатен за луѓето, тој е исклучително ефикасен кога станува збор за одбивање на комарците. Овој трик делува особено добро бидејќи црното кафе е лесно достапно и евтино, а процесот не бара посебни вештини или подготовка. Се што ви треба е чинија, малку мелено црно кафе и запалка или кибрит.

Ставете неколку лажици црно кафе на плитка чинија или друг незапалив предмет и запалете го кафето. Наскоро кафето ќе почне да гори, а густиот чад ќе ги избрка комарците. Препорачливо е да поставите неколку чинии со кафе околу масата на тераса, балкон или во градината и многу брзо ќе ја видите разликата. Иако согорувањето на кафе создава непријатен мирис, вреди да се испроба овој трик, особено ако сте во близина на мочуриште.

Најчитани вести