(ВИДЕО) Хит на интернет: Родителски бакнеж од една горила за бебе, „Животните денес се почувствителни од луѓето“, коментираат корисниците на социјалните мрежи

Видео од бебе и една љубопитна горила од Зоолошката градина во Колумбус, Охајо, САД, стана хит и ги освои срцата на многу интернет-корисници.

Имено, посетителката – мајка на бебето го доближи своето малечко до стаклото на мирното животно. Горилата, по кусо набљудување, му испрати топол бакнеж… Неминовно, тоа ги разнежни сите присутни. Видеото е прегледано речиси 18 милиони пати на „Инстаграм“ и има над милион допаѓања. 

„Животните денес се почувствителни од луѓето“, „Прекрасно. Горилата не треба да биде зад решетки“, „Ова е толку убава, но и тажна сцена во истовреме“, „Ги сакам животните повеќе од луѓето“, „Чиста љубов од горилава во Зоолошката во Колумбус. Мислиме дека видеово е преслатко“, „Благословена Божја дивина. Толку прекрасно“,  – гласат дел од коментарите.

Инаку, научниците од „Велком траст сангер“ институтот (Wellcome Trust Sanger Institute), којшто се наоѓа во селото Хинкстон, близу Кембриџ, Англија, и Медицинскиот колеџ „Бејлор“ во Хјустон, Тексас, САД, во свое научно истражување покажале дека горилите и луѓето се релативно блиски „роднини“ и споделуваат дури 96 отсто сродни гени.

МИА 

Најчитани вести