За фризури и шминка потрошила 55.000 евра по излегувањето од политика: Каде е денес и што прави најмоќната жена на 21 век?!

Поранешната канцеларка на Германија, Ангела Меркел, на 17 јули годинава наполни 70 години. Таа веќе две и пол години е надвор од политиката и води помирен живот.

Како што покажа истражувањето на Институтот „Југав“, мнозинството Германци со задоволство се сеќаваат на деновите кога Меркел беше на чело на државата, дури 61 отсто од испитаниците одговориле дека условите за живот се влошиле по нејзиното заминување.

Меѓутоа, Ангела Меркел не планира да се врати во политиката, дури и се огради од неа, велеќи дека едноставно „ја надминала таа улога“, пренесе „Шпигел“.

Кога се повлече од политиката, Меркел открила дека ќе се обиде да се фокусира на спиење и читање, иако останала членка на нејзината партија.

Минатата година таа беше во центарот на вниманието и поради пишувањата во медиумите дека германската влада потрошила 55.000 евра за фризури и шминка на Меркел откако таа ја напушти функцијата, објави Политико. Таа не го задржа својот долгогодишен шминкер, туку одбра нов фризер и шминкер кој работи и како моден дизајнер.

Последното јавно појавување на Ангела Меркел беше на 28 мај годинава, кога одржа говор во чест на актерот Улрих Матес, кому Фондацијата Конрад Аденауер му даде признание за неговиот придонес во културата на германско говорно подрачје.

Најчитани вести