Храброст или лудост? Светско првенство во јадење коприва

Нов рекорд во консумација на свежи коприви е поставен на Светското првенство во оваа необична дисциплина, што се одржа во јуни на фармата за јаболковина во Вејтон во близина на англискиот град Бридпорт.

Том Вилер од Лондон изел 25,4 метри свежи листови од стебленца од коприва, со што го соборил претходниот рекорд на консумирање на коприва од 19,5 метри. Бранителот на титулата во женска конкуренција, Бет Хоџис, ја задржа титулата јадејќи 19,5 метри лисја од коприва и со тоа го собори сопствениот рекорд за консумирање на ова бодликаво растение од минатата година за 1,2 метри.

Светското првенство во јадење коприва се одржува од осумдесеттите години на минатиот век. Најпрво натпреварот се одржуваше во Bottle Inn во Маршвуд, но по затворањето на гостилницата беше преместено во фармата Дорсет Нектар јаболковина во Вејтаун.

На Светското првенство годинава учествуваа околу 30 луѓе од различни делови на светот, меѓу кои Велика Британија, Холандија и Соединетите Американски Држави.

Стебленцата од коприва се собираат и се сечат на парчиња од 2 стапки или 61 сантиметар. На натпреварувачите им се дава да пијат јаболковина додека ги лупат листовите од коприва од стебленцето или можат да го потопат својот зелен оброк во него пред да го стават во уста. Јаболковината наводно го олеснува голтањето на зелените листови, но го ублажува и чувството на печење во устата предизвикано од конзумирање на коприви. Победник на натпреварот е оној кој ќе изеде најмногу коприви за 30 минути.

Најчитани вести