Островот на свињите на Бахамите

Во еден дел од Ексума, област на Бахамите, Биг Мејџор Кеј е дом на мили домашни животни, за кои сè уште не може со сигурност да се каже како стигнале таму.

Ако се верува на локалната легенда, свињите пристигнале во овој дел на Бахамите откако група морнари ги оставиле таму, со намера да се вратат и да ги искористат за храна. Меѓутоа, тие никогаш не се вратиле, а свињите останале и успеале да преживеат, благодарение на остатоците од храна што ги фрлале од околните бродови.

Според друга легенда, свињите пристигнале овде како жртви на бродолом, по што успеале да допливаат до брегот и таму да најдат засолниште. Има и такви кои веруваат дека овие животни биле дел од деловен трик, кој имал за цел да привлече туристи со ваква необична атракција.

Big Major Cay, поради својата симпатична популација, привлекува се повеќе туристи, а овие независни животни се покажаа како прилично храбри – им дозволуваат на луѓето да им се доближат и да пливаат со нив.

Најчитани вести