Ацо Вулевиќ командант на црногорската Служба за заштита и спасување, за порталот РТЦГ изјави дека пожарникарите од Бар со часови се бореле со пожарот на Голо Брдо. Рече дека од пожарот е зафатена голема површина и дека пожарникарите прават напори да го стават под контрола.
И додека пожарникарите се бореа да го изгаснат пожарот, интересна снимка која предизвика неверување почна да се споделува на социјалните мрежи, на истата се гледа како луѓето играат оро што наиде на бројни реакции во јавноста.
Пожарот во Сутоморе избувнал вчера околу 18 часот и зафатил голема површина, јавуваат српските медиуми.


