Можеби нема да верувате, но тоа е вистина. Пред неколку илјади години, овие паметни луѓе не само што имале природен лек за речиси секоја болест што ќе ги снајде, туку и необичен тест.
Со мешање на билки, зачини, храна и слично, тие исто така нашле и начин да направат тест за бременост дома. Техниката е многу едноставна,пишува Zadovoljna.hr.
Во чинија ставале зрна пченица и јачмен, а жената уринирала во тој сад, го покривала со крпа и следниот ден гледала што се случило. Ако зрната проникнале, тоа би значело дека е бремена, а ако не, тогаш не е.

Дури имале и теорија дека во зависност од тоа кои зрна проникнале повеќе, би можеле да го кажат и полот на детето. Истражувачите во 60-тите години на минатиот век потврдиле дека овој тест е 70 проценти точен, не многу помалку од современите тестови за бременост, особено оние поевтините. Во однос на полот на детето не пронашле некоја поврзаност. Древниот тест за бременост работи на истиот принцип како и современиот, со набљудување на хемиски промени кои се присутни само кај жената која е бремена.


