Мислевте дека во Париз „немал опрема“?! Почекајте да видите каков бил на Светскиот куп пред 13 години. Фотографијата од Јусуф Дикеч е уште полуда

Турскиот репрезентативец во стрелаштво, Јусуф Дикеч го привлече вниманието со неговиот настап во финалето на Олимписките игри во Париз.

И покрај поразот во борбата за златниот медал, Дикеч стана интернет сензација поради начинот на кој се натпреваруваше. Додека неговата партнерка Илајда Тархан, како и српските ривали Зорана Арауновиќ и Дамир Микец имаа целосна опрема – специјални очила кои им помагаат да се фокусираат на целта, штитници за уши, Дикец изгледаше како да дошол на натпреварот попатно.

Медалот го освои со рака во џеб и без опрема за стрелање, но сега се појави уште една негова поинтересна фотографија од пред 13 години.

Тогаш Дикеч се натпреварувал на светскиот куп, дури и без наочари.

Најчитани вести