Иако официјалниот развод со Џенифер Лопез е сè поблиску, актерот Бен Афлек (51) не изгледа премногу загрижено. Уште повеќе, многумина велат дека во последните денови изгледа подобро од кога било, пишуваат американските медиуми.
Деновиве тој беше фотографиран со нова, модерна фризура, избричен од страните, а многумина се шегуваат дека ова е најдобар доказ дека пејачката повеќе нема никакво влијание врз него бидејќи не би му дозволила да направи такво нешто.
Некои го сметаат овој потег за средовечна криза, додека други велат дека Бен е доказ дека и мажите ја менуваат фризурата кога сакаат да го променат својот живот.

Актерот носеше црна маица со натпис „Red Hot Chili Peppers“ и кожна јакна за лежерно возење и се возеше низ Лос Анџелес со својот електричен мотор.
Инаку, Бен неодамна купи имот вреден 20,5 милиони долари помеѓу Брентвуд и Пацифик Палисадес. Како што пишува „Дејли мејл“, Бен подигнал заем од 10 милиони долари. Новиот имот со пет спални соби и шест бањи бил купен на роденденот на неговата 55-годишна сопруга.
извор: slobodenpecat.mk


