Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Земјотресот е регистриран во 7 часот и 19 минути на длабочина од три километри.
Земјотресот е регистриран во Егејското Море, на 113 километри од Солун.
Се уште нема информации за повредени или материјална штета.
Според очевидци кои пишуваат на веб-страницата ЕМСЦ, земјотресот бил почувствуван и на Тасос.


