Дете во Косово нашло паричник со 2.500 евра и го предало во полиција

Дванаесетгодишно момче во Скендерај во полициска станица предало паричник со пари и документи кои ги нашол на улица, соопштија од косовската полиција.

Б.А. е добар пример за граѓанин, се вели во соопштението.

Полицијата ја проверила документацијата во паричникот и утврдила дека покрај важната документација во паричникот имало и парична сума од 2500 евра.

„Полицијата го идентификуваше и верификуваше лицето на кое му припаѓал паричникот и му го врати со парите и документацијата“, соопштија од полицијата.

Извор: 24инфо.мк

Најчитани вести