Жителите на Крит добиле порака за евакуација по силниот пожар

Во Ретимно на Крит во текот на вчерашниот ден избувна пожар кој сеуште е активен а на терен се излезени голем број пожарникари кои се борат со огнот.

Пожарот избувнал вчера околу 15.30 часот а пред само еден час жителите во областа Сата добиле порака за евакуација во Клима, а жителите кои се во Ризикас да се преселат во Мандрес.

Пораките до граѓаните содржат упатство каде да се движат зависно од тоа како се шири пожарот. Во гаснењето на пожарот се ангажирани 250 пожарникари со 14 пешадиски тима и 54 возила, како и 13 авиони и девет хеликоптери, а помагаат и волонтери и цистерни од општините.

Пожарот избувна вчера попладне, гаснењето траеше во текот на целата ноќ, утрово ситуацијата беше подобрена, но поради силниот ветер имаше континуирани разорувања.

Најчитани вести